По сите критики за судењето на Мундијалот во Катар, ФИФА се реши полуфиналниот дуел помеѓу Аргентина и Хрватска да му го додели на искусниот италијански судија Даниеле Орсато, додека неговиот сонародник Масимилијано Ирати ќе биде одговорен за ВАР-системот.
Орсато веќе им судеше на Аргентинците при 2:0 победата над Мексико, а беше и судија на првиот меч на турнирот помеѓу Катар и Еквадор. Орсато ќе има доста познати фаци меѓу фудбалерите во двата тима (Лаутаро Мартинез, Марцело Брозовиќ, Анхел ди Марија, Леандро Паредес, Никола Влашиќ и Пауло Дибала), и ќе биде под притисок откако претходно Португалците и Холанѓаните ги обвинија судиите на Мундијалот дека ги фаворизираат Аргентинците и Лео Меси.