Наполи еден месец ќе биде без помошта на напаѓачот Виктор Осимен. Нигериецот се здоби со повреда на мускулот на мечот од Лигата на Шампионите против Ливерпул.
По деталните лекарски прегледи утврдено е дека Осимен има истегнување на мускулот од втор степен и дека ќе треба да паузира од четири до шест седмици. Тој ја обнови повредата која го мачеше и претходно.
Нигерискиот интернационалец се претпоставува дека може да се врати на теренот на мечот од ЛШ против Ајакс на 12 октомври.