Top Sport

Осимен сака трансфер во Баерн Минхен, но Наполи бара 180 милиони евра

Напаѓачот на италијанскиот шампион Наполи, Виктор Осимен, не би имал ништо против да се врати во Германија и да потпише за Баерн Минхен. Нигерискиот напаѓач во последните преговори со раководството на Баварците посочил дека сака да им се приклучи, но проблем е високата отштета што ја бара Аурелио де Лаурентис.

Фудбалерот сака повторно да игра во Бундеслигата, каде во минатото ги бранеше боите на Волфсбург.

Во италијанската Серија А за сезоната 2022/2023, Виктор Осимен одигра 32 натпревари, постигна 26 гола и забележа четири асистенции. Нигериецот стана најдобар стрелец во лигата и му помогна на Наполи да ја освои својата прва титула по повеќе од три децении.

Последните информации од Италија велат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е подготвен да го продаде Виктор Осимен за 180 милиони евра.

Scroll to Top