Top Sport

Џејмс Медисон доаѓа во Тотенхем за 46 милиони евра

Лестер испадна од Премиерлигата, а тоа го користат премиерлигашите за да ангажираат дел од нивните ѕвезди. Џејмс Медисон е пред трансфер во тимот на Тотенхем.

Лондонскиот клуб за англискиот репрезентативец ќе плати сума од 46 милиони евра.

Медисон треба да биде второто засилување за Тотенхем откако вчера го промовираше и новиот голман Гиљермо Викарио.

Џејмс Медисон заминува од Лестер со ефект од 55 гола и 41 асистенција.

 

Scroll to Top