Нигерискиот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен вели дека нема потреба да биде во поголем клуб, бидејќи веќе е во еден од најголемите клубови на светот остварувајќи ги своите соништа.
Осимен е најдобар стрелец во Серија А оваа сезона, предводејќи ги Наполи на чекор до третото скудето во историјата по тие од 1987 и 1990 година, бидејќи имаат 14 поени пред Лацио. Неговата блескава форма привлече внимание на клубови од Премиерлигата како Манчестер јунајтед и Челси, но и Пари Сен-Жермен и Баерн Минхен.
„На чекор сме од целта и едвај чекам да го оствариме сонот. Фудбалерите постојано веруваа дека ова е можно, дури кога сите се сомневаа во нас. Љубовта која ја чувствувате во овој град е неверојатна, никогаш не сум се чувствувал толку сакан и едвај чекам да прославиме на стадионот. За мене беше тешко да го остварам мојот сон и да станам професионален фудбалер, а сега сум пред првата титула. Се наоѓам во голем клуб и мојата кариера расте така што не би можел да посакам ништо повеќе. Форца Напли засекогаш“, вели Осимен во интервју за „ТГ5“.