Во Наполи се бесни откако нивниот нигериски напаѓач Виктор Осимен се вратил позитивен на КОВИД-19 од новогодишната пауза, откако се појавија снимки на неговата роденденска забава во татковината.
Во видеото објавено од диџејот Мајкл Голден, 22-годишниот Осимен е во друштво со повеќе пријатели (без заштитни маски) на 29 декември, а во исто време фудбалерот е забележан како танцува и го држи повреденото рамо.
Според италијанските извори, тренерот Џенаро Гатузо бил бесен на ваквото однесување и сигурно ќе го казни парично напаѓачот, кој е најскапото засилување во историјата на клубот.
Thursday: Victor Osimhen reported to have tested positive to Covid-19.
Friday: The Nigerian striker is reportedly fined two weeks wages for breaching Covid-19 regulations as seen below ?
Hopefully, he recovers in soon to get the job done on the pitch.pic.twitter.com/BN6aIeo7if
— Fisayo Dairo (@FisayoDairo) January 2, 2021