Top Sport

Османи: Шкендија заслужи да го победи Шкупи

Шкендија и Шкупи одиграа реми без голови на вчерашното дерби во Тетово. Домаќино имаше многу шанси, доминираше во играта во поле, но, сепак, не успеа да стигне до победа.

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи, вели дека е задоволен од играта на тимот, но не и од резултатот.

„Доминиравме во текот на 90-те минути, создавајќи многу шанси и во првото и во второто полувреме. Жал ми е што не победивме, бидејќи мислам дека Шкендија ги заслужи трите бода, но сепак првенството е долго и мораме да продолжиме да гледаме напред. Во првото коло ми се допадна агресивноста што ја имавме и во дефанзивата, бидејќи за офанзивната фаза истакнав дека направивме неколку шанси преку комбинации. Она што не ми се допадна е егзекуцијата, бидејќи недостигот на ефикасност на овој натпревар се покажа како проблем. Видовме дека Шкупи се бранеше со многу играчи и во такви ситуации бевме принудени да го бараме голот со удари од далечина или продори еден на еден. Среќен сум што на моето враќање имаше атмосфера каква што само овде во Тетово знаат да направат навивачите на Шкендија и „Балистите“. Затоа ми е жал што не победивме, тимот ја заслужи победата со тоа што го дадоа. Во оваа прилика им ветувам на навивачите дека Шкендија повторно ќе биде онаа Шкендија каква што сите ја посакуваме“, изјави Ќатип Османи.

Scroll to Top