Top Sport

Скопје и Брегалница без голови на „Автокоманда“

Скопје и Брегалница ремизираа без голови во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига. Немаше квалитетен фудбал, но, сепак, на борбеноста на двете екипи не може да се најде замерка.

Двата тима во текот на натпреварот останаа со фудбалер помалку. Даниел Мојсов заработи црвен картон во редовите на Брегалница во 69.минута, а во финишот беше исклучен и Благоја Тодоровски од составот на Скопје.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top