Top Sport

Останаа уште четири визи за ЕУРО 2024 – Под притисок се Италија и Хрватска, Молдавија и Казахстан се надеваат на чудо

Foto/ EPA

Вечерва и утре ќе заврши квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2024 година. За пласман на завршниот турнир, преку квалификациите, останаа уште четири слободни места. Три места ќе бидат пополнети вечерва, а едно во вторник.

Понеделник носи три директни пресметки за пласман.

Италија направи голем чекор кон ЕП со убедливата победа над Македонија со 5:2 во деветтото коло.

Доволен е бод против Украина во Леверкузен за да се пласира во Германија.

Проширувањето на бројот на учесници на ЕП може да и овозможи на Молдавија да испише историја.

Молдавците имаат само две победи во овој циклус, но и само еден пораз, па им треба само уште еден триумф за да се најдат на местото за кое веројатно не ни сонувале.

Доколку успеат да ги шокираат Чесите во Оломуц, ќе и се приклучат на албанската селекција во Германија.

На Чесите им е доволен и еден бод за потврда на пласманот на ЕП.

Уште една селекција од истокот има шанса да избори неочекуван пласман на ЕП.

На Казахстанците им треба чудо во Љубљана. Словенците со нерешен резултат по пауза од 24 години ќе се пласираат на завршниот турнир.

Вторник ни носи меч за „да се биде или не“, а главната улога ја имаат Хрватите.

„Коцкестите“ се на чекор до ЕУРО, за да се најдат таму треба да ја победат Ерменија.

Меѓутоа, доколку Хрватите подлегнат на притисокот во Загреб, Велс би можел да им го одземе второто место.

Сепак, добрата вест за Хрватите е што Велшаните ги чека најдобриот тим во групата, Турција.

Инаку, од осамостојувањето во 1992 година, Хрватска пропушти само едно Европско првенство, во Белгија и Холандија во 2000 година.

Scroll to Top