Фудбалерот на Леганес, Борха Гарсес решил дека мора да оди на свадбата на својот брат во Мелилја без дозвола на клубот, по што тренерот на клубот, Асиер Гаритано вели дека веќе нема да заигра за клубот.
22-годишниот Гарсес, кој е на позајмица од Атлетико Мадрид, во вторникот побарал дозвола да оди на свадбата на својот брат, но со ветување дека ќе се врати во Мадрид за време на мечот против Тенерифе, но клубот не му го дозволил тоа. Тренерот Гаритано вели дека нема да има прошка.
„Знам што се случи, и иако се работи за играч кој ми е лично мил, нема да дозволиме вакви работи од било кого. Ова момче, додека сум јас тука, веќе нема да го носи дресот на Леганес“, вели Гаритано.