Top Sport

Откриена отштетната клаузула: По две сезони во Манчестер Сити, Халанд ќе може да замине за 150 милиони евра

Ерлинг Халанд ќе направи мега-трансфер во Манчестер Сити ова лето, а иако договорот се уште не е официјално склучен, протече најважната информација. По две години во англискиот клуб, Халанд ќе може да си замине доколку заинтересираниот клуб плати отштета од 150 милиони евра.

Тоа е речиси идентичен „дил“ каков што Халанд во моментов има и со Борусија Дортмунд, само што отштетната клаузула со Манчестер Сити ќе биде двојно поголема.

„Граѓаните“ на почетокот на летниот преоден рок ќе платат 75 милиони евра за да ја активираат клаузулата и да го раскинат договорот на Норвежанецот со Борусија Дортмунд.

Доколку се пресмета комплетната сума што Манчестер Сити ќе му ја исплати на Халанд во наредните пет години, се работи за околу 350 милиони евра.

Scroll to Top