Top Sport

Отпишаниот Калиниќ пред трансфер во Рома

Никола Калиниќ минатата сезона не успа да се наметне во нападот на Атлетико Мадрид, поради што тренерот Диего Симеоне му порача дека нема да смета на неговите услуги оваа сезона.

Интерес за Хрватот покажале од Еспањол, но реалноста вели дека тој ќе се врати во Серија А, за него се распрашувале Самдорија, неговиот поранешен клуб Фиорентина и Рома.

Според „Скај Спорт“, Калиниќ кариерата ќе ја продолжи во дресот на Рома. Прашање е само дали Атлетико ќе прифатат сезонава играчот да биде позајмен, а дури по завршувањето на сезоната неговиот договор да биде откупен.

Новиот тренер на Рома, Паоло Фонсека, сметал дека Калиниќ би му бил идеален партнер во нападот на Един Џеко.

Калиниќ минатото лето од Милан, за сума од 14,5 милиони евра, пристигна во Атлетико, одиграл 17 натпревари во Ла Лига и постигал два гола.

Scroll to Top