Пабло Ласо и Реал Мадрид постигнале договор за продолжување на соработката, објави „АС“. Тренерот наскоро ќе го продолжи својот договор до 2021 година.

Ласо стана тренер на Реал во 2011 година, претходно десет сезони во низа на клупата на „кралскиот клуб“ бил само Лоло Саинц (14).

Во својот досегашен мандат Ласо со Реал освоил пет трофеи во лигата и Купот на Шпанија и два во Евролигата.

„АС“ не ги објави финансиските детали од новиот договор на трофејниот тренер.