Top Sport

„Отпишаниот“ Катаи се враќа во Звезда

Црвена звезда ќе го направи првиот голем трансфер ова лето, откако ќе го „прибере“ Александар Катаи, кој доби отказ од Лос Анџелес галакси поради расистичките објави на социјалните мрежи на неговата сопруга.

Според „Б92“, во петок Катаи и директорот а клубот Звездан Терзиќ ќе го комплетираат двегодишниот договор за Катаи со опција за уште една сезона и со годишна плата од околу 600.000 евра, додека од клубот речиси сигурно ќе заминат Милан Павков и Ричмонд Боачи.

29-годишниот Катаи загуби богат договор со МЛС клубот Галакси, откако неговата сопруга Теа на социјалните мрежи реагираше на протестите на „Black Lives Matter“ со порака дека „тие гомна треба да се убијат“.

Галакси го отпуштија Катаи по расистичките коментари на неговата сопруга

 

Scroll to Top