Полицијата во Лас Вегас потврдила дека од септември 2018 година повторно бил отворен случајот поради обвинение за силување во 2009 година. Детективите работеле по информациите што ги добиле од жртвата. Од полицијата известиле дека истрагата е во тек поради што нема да откриваат повеќе детали.
Информацијата доаѓа откако поранешната манекенка Кетрин Мајорга (34), во интервју за „Шпигл“, повторно открила дека на 13.јуни 2009 година била силувана од славниот фудбалер, во еден хотел во Лас Вегас каде што работела како хостеса.
„Откако ме силуваше ми се извини. Клекна и рече дека 99 отсто е добро момче, но не е сигурен за оние еден отсто“, изјавила Мајорга.
Веднаш потоа адвокатите на Роналдо најавија тужба против германскиот весник.
Во 2010 година, Роналдо со 375 илјади долари го купил молкот на девојката. Парите биле исплатени од сметка од Двствените острови.
Сепак, осум години подоцна таа судска разрешница, на случајот што радикално и го сменил животот. Таа во интервјуто открила дека се бори често помислува да изврши самоубиство.
На прашањето зошто ги прифатила парите, одговорила дека била уплашена од славата на фудбалерот и поради тоа што не сакала нејзиното име да се влече по медиумите.
Инаку, во американската сојузна драва Невада, случаите за силување не застареваат, доколку жртвата делото го пријавила во рок од четири години откако делото се случило. Извршителот се соочува со доживотна затворска казна, со можност дури по 10 години да биде пуштен на условна слобода.