Top Sport

Ејтон ќе биде виситнско засилување за Феникс Санс (Видео)

Првиот пик на овогодишниот драфт, Деандре Ејтон, имаше впечатливо деби за Феникс Санс во најсилната лига во светот.

Феникс, во првиот меч во претсезоната, загуби од Сакраменто Кингс (102:106). И покрај поразот Ејтон остави одличен впечаток, тој забележа „дабл-дабл“ од 24 поени и 10 скока, а имаше и три блокади. Во редовите на Феникс се истакна и Јоги Ферел со 17 поени.

Кај победниците блескаше Јоги Ферел со 26 поени.

Екипата на Феникс од оваа сезона ја предводи Србинот Игор Кокошков, кој минатиот септември ја освои европската титула со репрезентацијата на Словенија. Кокошков е првиот странец што е главен тренер во една НБА екипа.

Scroll to Top