Top Sport

Отворено е Светското првенство во Катар

Светското првенство во Катар е отворено со спектакуларна церемонија. Судејќи по она што го видовме на церемонијата, во наредните месеци не очекува вистински организациски и се надеваме фудбалски спектакл.

Првенството ќе се игра на осум стадиони кои се наоѓаат во Доха или во областа Доха, па тоа е една интересна работа што ќе го направи овој Мундијал уникатен.

Првиот натпревар почнува од 17 часот, во групата А ќе играат домаќинот Катар и Еквадор.

Финалето е закажано за 18 декември годинава.

На свеченото отворање беа изведени четирите официјални песни на Светското првенство во Катар, а домаќините дадоа се од себе да направат шоу, каде видовме неколку феноменални уметнички изведби.

Scroll to Top