Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), меѓународната организација која се грижи за детална анализа на светскиот фудбал, го објави својот најдобар тим на фудбалери под 20 години (во последните 12 месеци), и иако некои имиња се веќе познати на фудбалските фанови, на некои ќе треба да се внимава.
Не е изненадување што нападот го предводи ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, кој веќе има 20 гола во Лигата на шампионите во 14 години, а во нападот друштво му прават 18-годишната ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, и крилото на Реал Мадрид, Родриго.
Во средината на теренот се плејмејкерот на Милан, Сандро Тонали, талентот на Манчестер сити, Фил Фоден, и Едуардо Камавинга од Рен, кој на 18 години е постојан француски репрезентативец.
Одбраната ја предводи 20-годишниот столб на Баерн Минхен, Канаѓанецот Алфонсо Дејвис, неговиот соиграч (кој сега е позајмен на Хофенхајм), Крис Ричардс е тука, заедно со уште еден Американец, Сергино Дест од Барселона и Весли Фофана, младиот Французин кој игра за Лестер. Тимот го комплетира голманот на Бешикташ, Ерсин Дестаноглу.
Што мислите за овој тим?
Голман: Ерсин Дестаноглу (Турција/Бешикташ)
Одбрана: Сержино Дест (САД/Барселона), Весли Фофана (Франција/Лестер), Крис Ричардс (САД/Баерн Минхен), Алфонсо Дејвис (Канада/Баерн Минхен)
Среден ред: Сандро Тонали (Италија/Милан), Фил Фоден (Англија/Манчестер сити), Едуардо Камавинга (Франција/Рен)
Напад: Родриго Силва де Гоеш (Бразил/Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Норвешка/Борусија Дортмунд), Ансу Фати (Шпанија/Барселона).