Top Sport

Оваа ноќ не е негова! Вут Фес си даде два автогола за седум минути!

Белгискиот дефанзивец на Лестер, Вут Фес успеа да си даде два автогола во финишот на првото полувреме на мечот помеѓу Ливерпул и Лестер, така поништувајќи ја предноста која неговиот тим ја имаше на „Енфилд“ уште од четвртата минута.

Лестер, кои играат во катастрофална форма оваа сезона, поведоа преку Кирнан Дјузбери-Хол уште на стартот на мечот, и успешно го издржаа притисокот на домаќините додека на сцена не стапи Фес.

Тој прво во 38. минута постигна навистина спектакуларен автогол по нафрлувањето од Трент Александер-Арнолд, пред во 45. минута, откако Дарвин Нуњез ја погоди стативата, уште покомично пак ја смести топката во сопствената мрежа.

Scroll to Top