Top Sport

Миротиќ го замолчи Белград, Барселона до „жешка“ победа над Звезда

Црвена звезда, како едно од најпријатните изненадувања оваа сезона во Евролигата, ја пречека Барселона во новогодишна атмосфера во Белград, но на крајот пропушти победа поради лудата тројка на Никола Миротиќ, кој израмни на 84:84 со тројка во последната секунда во регуларниот дел, за потоа каталонскиот гигант во продолжението да стигне до 99:94 победа.

Предводени од расположените Петрушев и Добриќ, Звезда со 15:0 серија ја презеде контролата на мечот во првата четвртина по бурниот пречек на гостинските кошаркари, но Барселона постојано остануваше во живот. Но, кога на 8.2 секунди пред крајот Недовиќ ги погоди двете слободни фрлања за 84:81 водство, домашните фанови сметаа дека работата е завршена. Меѓутоа, Миротиќ, повторно ја покажа својата класа, кога од тешка позиција погоди тројка за израмнување.

Во продолжението, домашниот тим немаше шанса да се врати, и повторно Миротиќ со две слободни фрлања во последната минута ја запечати победата.

Scroll to Top