Зинедин Зидан додека беше фудбалер не даде знаци дека може да биде фантастичен фудбалски тренер, но сега е „застрашувачки“ колку успех има со Реал Мадрид, вели поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Реал Мадрид, Мајкл Овенс.
Зидан беше сметан за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, со имагинација, сила и умешност на средината на теренот. Овен признава дека додека бил колега на Зидан во Мадрид во ниту еден момент не формирал мислење дека тој ќе биде добар тренер, но дека е очигледно дека згрешил.
„Никогаш не мислев дека Зидан ќе биде некаков менаџер. Тој беше многу тивок во соблекувалната, но не пропушташе ниту еден трик. Ја анализираше ситуацијата, но не верував дека сака да биде тренер. Застрашувачки е што има два трофеи од Лигата на шампионите и еден од Ла лига. Да, тој има фантастични играчи во клубот, но има создадено цврст тим. Да се успее тоа во првата вистинска работа, во клуб во кој има толку политика. Во Шпанија има два весници кои го следат Реал и кои се борат. Двата треба да бидат среќни, бидејќи во спротивност си готов. Во тимот секогаш има големо его, како во никој клуб на светот“, вели Овен, носителот на „Златната топка“ од 2001 година.
Овен не знае кој од неговите поранешни тимови е фаворит во финалето на Лигата на шампиони на 26 мај во Киев.
„Може да отиде во било кој правец. Тоа се два спротиставени тимови во односот на искуството и стилот. Знам дека сите ги сметаат Реал за фаворити, но знам дека мечот ќе се одлучи со малку потези. Зависи од првите 20 минути – ако Ливерпул се успешни тогаш победата може да е нивна. Стилот на игра на Ливерпул привлекува и неутрални фанови, бидејќи ретко разочаруваат, посебно во големите мечеви“, додава Овен во интервјуто за „Дејли мејл“.
Фото: ЕПА