Тренерот на лондонски Арсенал, Унаи Емери вели дека Месут Озил и Сеад Колашинац се ментално стопроценти подготвени за мечот со Барнли во второто коло од Премиерлигата.
За потсетување, овие двајца фудбалери го пропуштија премиерниот меч на „топчиите“ минатиот виканд против Њукасл (Арсенал славеше гостинска победа со 0-1) затоа што пред 3 недели беа нападнити во центарот на Лондон од вооружена банда, по што Колашинац им се спротивствави и напаѓачите побегнаа.
Двајцата фудбалери од безбедносни причини го пропуштија претходниот меч, но тренерот Емери тврдеше и дека тие двајца не се ментално подготвени за предизвикот.
„Драго ми е дека се вратија. Тие за мене се најпрво личности, а потоа играчи. Кога тренираат редовно, може многу да ни помогнат“ – изјави Емери.
Арсенал и Барнли играат утре во 13.30 часот на отворањето на второто коло во Премерлигата.