Top Sport

Зидан размислува да даде отказ во Реал Мадрид?

Францускиот стратег, Зинедин Зидан е на работ да си даде отказ од Реал Мадрид поради неостварениот трансфер на Пол Погба во Мадрид, објави британски „Индепендент“.

Информациите од Островот се дека Реал во новата сезона влегува со криза во клубот затоа што, според нив, Зидан размислува повторно да го напушти „Бернабеу“. Информациите за британскиот медиум ги лиферува шпанскиот новинар, Диего Торез.

„Зидан лично му ветил на Погба дека ќе го доведе во Мадрид, а сега поради пропаднатиот трансфер, тој испадна негативец. Тоа само ја засили недовербата меѓу Зидан и Перез. За Зидан Погба е темелот на проектот кој сака да го изгради во Реал и со неговото останување во Манчестер се е загрозено“ вели Торез.

Францускиот тренер најверојатно го планирал Погба во средината на теренот на местото на хрватскиот ас, Лука Модриќ.
Реал во овој преоден рок потроши повеќе од 300 милиони евра на играчи како Еден Азар, Лука Јовиќ и Едер Милитао, а
Кралевите се уште не се откажани од доведувањето на „Бернабеу“ на бразилскиот фудбалер од ПСЖ, Нејмар.

Scroll to Top