Фудбалерот на Арсенал Месут Озил ќе остане во Арсенал до истекот на договорот. Поранешниот германски репрезентативец има договор со клубот од северен Лондон до 30 јуни 2021 година. Озил нема одиграно ниту една секунда за Арсенал откако сезоната во Премиерлигата беше рестартирана.
Британските медиуми шпекулираа дека Озил ќе си побара нов клуб бидејќи тренерот Микел Артета не смета на него но менаџерот на фудбалерот, Еркут Согут, денес изјавил дека неговиот клиент до крајот на договорот ќе остане на „Емирејтс“.
„Озил ќе остане во Арсенал уште една година, а потоа шансите се 90 отсто да замине од клубот“, рекол Согут.
Планот на Озил наредното лето како слобиден играч ќе си бара нов клуб, а дотогаш, играл-не играл,ќе си заработува околу 350.000 евра неделно во Арсенал.
Месут Озил во Арснеал е од 2013 година, досега за овој клуб одиграл 254 натпревари и постигнал 44 голови. Во кариерата играл за Шалке, Вердер и Реал Мадрид. За Германија настапил на 92 натпревари, постигнал 23 голови, а во 2014 гофина стана светски првак.