Top Sport

Озил и Обамејанг ја продолжија победничката низа на Арсенал (видео)

„Топчиите“ не сопираат! Тимот на Унаи Емери стигна до 3:1 победа над Лестер во последниот меч од 9. коло во Премиер лигата, откако успеа да ги сопре „лисиците“, кои опасно се заканија и поведоа по половина час игра на „Емирати“ со автоголот на Ектор Белјерин.

До крајот на полувремето, Белјерин се „оправда“ за автоголот со одлично двојно проигрување со Месут Озил да израмни на 1:1, за во второто полувреме Арсенал да направи целосен пресврт.

Озил и Белјерин беа повторно на сцена во 63. минута, за со одлична акција да го пронајдат Пјер-Емерик Обамејанг за 2:1 водство, пред Обамејанг само три минути подоцна да го постигне вториот гол за 3:1 и обезбедување на победата.

Со триумфот, Арсенал ги поминаа Тотенхем на четвртото место во лигата со 21 поен, само два помалку од лидерите Манчестер сити и второпласираните Ливерпул. Лестер се на 11. место со 12 поени.

Фото: ЕПА




Scroll to Top