Top Sport

Нов пораз на ЛА Лејкерс (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се уште се без победа од почетокот на сезоната. Лејкерс имаат три порази, откако изминатата нов, по продолжението, беа поразени од Сан Антпнио 142:143.

Леброн Џејмс, погоди тројка за продолжение, мечот го заврши со 32 поени, осум скока и 14 асистенции, а Кајл Кузма со 37 коша беше најефикасен на мечот, меѓутоа ниту тоа не беше доволно Лејкерс да тргнат од „мртвата точка“.

Пети Милс на седум секунди до крајот ги постави конечните 143:142. Ламаркус Олдриџ беше најефикасен кај Сан Антонио со 37 поени, а Демар Дерозан уфрли 32 поени.

Голден стејт Вориорс по поразот од Денвер Нагетс, успеаја лесно да се справат со Феникс Санс 123:103. Актуелните шампиони на полувремто имаа предност од 23 поени. Стеф Кари постигна 29, а Кевин Дуент 22 коша за победникот, додека Девин Букер со 28 и Ти-Џеј Ворен со 27 се истакнаа кај Феникс.

Лука Дончиќодигра уште еден добар натпревар. Во победата на Далас над Чикаго 115:109, тој имаше учинок од 19 поени и шест асистенции. Зак Левин со 34 поени беше најпрецизен кај Чикаго.

Резултати:

Бостон-Орландо 90:93
Торонто-Шарлот 127:106
Милвоки-Њујорк 124:113
Минесота-Мајами101:91
Јута-Мемфис 84:92
Порталнд-Вашингтон 124:125

Scroll to Top