Фудбалскиот клуб Фенербахче на неодреден период ги суспендирал од тимот Месут Озил и Озан Туфан. Двајцата најискусни во тимот имале несогласувања си тренерот Исмаил Картал.
Атмосферата во Фенербахче била сериозно нарушена по натпреварот со Коњаспор. Фенер, овој натпревар го доби со пресврт во второто полувреме. Ким и Пелкас погодија во победата од 2:1.
Фенербахче со оваа победа останаа на третото место, но ја намалија разликата во однос на Коњаспор на само два бода. Второпласираниот тим ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Извесно е дека шампион ќе биде Трабзон, кој исто така ќе игра квалификации за место во елитата.
Озил и Туфан, по натпреварот побарале состанок со тренерот. Озил сакал да го искаже незадоволството оде одлуката на тренерот да биде заменет на полувремето, а Туфан го поддржал својот соиграч.
Месут Озил има договор со Фенербахче до јуни 2024 година, прашање е дали тој и наредната сезона ќе биде во клубот.