Top Sport

Озил ќе го исполни ветувањето кон својата мајка со потпис за Фенербахче?

Агентот на Месут Озил, Еркут Согут вели дека е сосема веројатно дека фудбалерот на Арсенал по крајот на договорот со премиерлигашот да се пресели во Фенербахче.

Поранешниот германски репрезентативец има турско потекло и никогаш не ја криел љубовта кон „канаринците“, но има договор со Арсенал до 2021 година. Неговиот агент тврди дека Озил е задоволен на „Емирати“ под водство на новиот тренер Микел Артета, но дека трансфер никогаш не може да се отфрли.

„Во фудбалот никогаш не се знае, никогаш не можеш да ги предвидиш трансферите. Повеќе пати кажав дека Озил е навистина среќен во Арсенал и има договор, така што сега нема промени. Ќе видиме што ќе донесе иднината“, вели Соргут за порталот „Гол“.

Според германскиот „Споркс“, фудбалерот од средниот ред повеќе пати и ветувал на својата мајка Гулизар Озил дека еден ден во неговата фудбалска кариера ќе заигра за клубот од Истанбул.

Scroll to Top