Top Sport

„Џезерите“ Гобер и Мичел го победија коронавирусот!

Првите заразени кошаркари во НБА лигата, Французинот Руди Гобер и Американецот, Донован Мичел, играчи на тимот на Јута Џез потполно се опоравиле од опасниот вирус, соопштија од клубот.

„Играчите веќе не претставуваат од инфекцијата“ – соопштија од Јута Џез.

Потврдено е дека нема нови заразени во екипата, иако Гобер прилично невнимателно се однесуваше со колегите од екипата и со новинарите пред да биде откриено дека е позитивен на вирусот COVID-19.

Впрочем, непосредно по информацијата дека Гобер, а подоцна и неговиот клупски колега, Донова Мичел се заразени со корона, НБА лигата донесе одлука за прекин на натпреварувањето.

Бројот на заразени во САД рапидно расте, а информациите се дека околу 100.000 луѓе во земјата се позитивни на опасниот вирус.

Scroll to Top