Германскиот интернационалец Месут Озил се соочува со многу проблеми во Фенербахче. Тој неодамна беше исфрлен од екипата поради непрофесионално извршување на обврските, а ако се слушнат зборовите на претседателот на клубот, Али Коч, тогаш јасно е дека Озил ќе мора да го напушти Фенербахче на крајот од сезоната.
„Оваа одлука не е детска игра. Клубот е најважен и е над секого. Без разлика дали се викате Озил или поинаку“, изјави првиот човек на Фенербахче.
Германецот оваа сезона постигна девет голови за Фенербахче, но имаше нрпофесионална реакција на еден опд натпреварите и е отстранет од првиот тим.