Ѕвездата на Арсенал и поранешен германски репрезентативец, Месут Озил повторно е на удар на критиките во Германија, откако заедно со својата свршеница Амине Ѓулсе, присуствуваше на рамазанска вечера со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Плејмејкерот на Арсенал беше забележан во Долманбахче палатата во Истанбул заедно со турскиот лидер за ифтар по посебната покана за фудбалерот, уште еднаш потврдувајќи ја тесната врска со Ердоган.
30-годишниот Озил беше остро критикуван во Германија за фотографијата со Ердоган заедно со фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган пред Светското првенство, каде што Германија испадна во натпреварите по групи. Озил постојано тврдеше дека разговарале само за фудбал, но критиките кои ги доби придонесоа на крајот на првенството тој да се откаже од германскиот дрес, велејќи дека во федерацијата има расизам.