Top Sport

Озил по седум години го напушти Арсенал

Арсенал и Месут Озил спогодбено ја прекинаа соработката. Поранешниот германски репрезентативец, кој речиси десет месеци нема одиграно натпревар за Арсенал, го напушта клубот по седум и пол години. Озил кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.

Озил, без обесштетување, ќе се пресели во редовите на турскиот великан. Двете страни се задоволни од овој расплет, Арсенал ќе се ослободи од платата на Озил (350.000 фунти неделно), а фудбалерот како слободен играч ќе замине од Лондон.

Англиските и турските медиуми пренесуваат дека Озил утре ќе биде промовиран во нов играч на Фенербахче.

Месут Озил, во летниот преоден рок во 2013 година од Реал се пресели во Арсенал, за сума од 47 милиони евра. За Арсенал одиграл 184 натпревари, постигнал 33 гола и забележал 58 асистенции.

Озил со Арсенал освоил четири трофеи во ФА купот.

Scroll to Top