Фудбалерот на Монца, Пабло Мари, бил еден од шесте повредени луѓе во напад во супермаркет во предградие на Милано. Тој е прободен со нож, но не се наоѓа во животна опасност.
Инцидентот се случил во маркетот „Керфур“ во шопинг центар во Милано, кога маж на 47 годишна возраст зел нож од полица на маркетот и од непознати причини нападнал неколку луѓе, меѓу кои и Пабло Мари.
Пабло Мари игра за Монца како позајмен играч од Арсенал.
Директорот на Монца, Адријано Галијани, со изјава потврди дека животот на Мари не е во опасност и истакна дека клубот се надева дека наскоро ќе го види на тренинзите.
Арсенал се огласи на Твитер.
„Шокирани сме од веста за нападот со нож во Италија, кој остави голем број луѓе во болница, вклучувајќи го и нашиот позајмен централен бек Пабло Марио. Бевме во контакт со агентот на Пабло кој ни кажа дека е во болница и не е сериозно повреден. Нашите мисли се со Пабло и другите жртви на овој страшен инцидент“, изјавија од Арсенал.