Дефанзивецот на Монца, Пабло Мари објави фотографија од болничката соба откако беше вклучен во шокантен инцидент во кој беше избоден во близината на Милано во четвртокот. 29-годишниот Шпанец купувал намирници со неговата сопруга и четиригодишниот син, кога 46-годишниот Андреа Томболини го избодел со нож во грб во ицнидент во кој еден човек го загубил животот, а уште четири други биле повредени.
Мари беше на операција во текот на утрото и ќе паузира најмалку два месеци пред да се врати на тренинзи, а од Монца побараа одложување на мечот со Болоња овој викенд. Мари, кој е позајмен фудбалер од Арсенал објви фотографија со сопругата по инцидентот и прати порака.
„По тешкиот момент низ кој поминавме вчера, јас и моето семејство сакаме да порачаме дека за среќа сме добро и сакаме да се заблагодариме на сите пораки кои ги добивме. Исто така сакаме да пратиме сочувство на семејството и пријателите на починатиот човек и да посакаме брзо опоравување на повредените“, напиша Мари на Инстаграм.