Top Sport

Падели не го бива, Интер ќе донесат искусен голман

Искусниот голман на Интер Даниеле Падели не ја искористи шансата која му се укажа по повредата на Самир Хандановиќ. 34 годишниот голман лошо реагираше неколку пати во текот на дербито со Милан, а на „негова душа“ оди првиот гол што го постигна Ребиќ.

Интер ќе се обидат да донесат проверен голман кој ќе му боде резерва на Хандановиќ. Во прашање е Емилиано Вивијано.

Вивијано е без клуб од септември минатата година кога го напушти Спортинг Лисабон. Правилата на ФИФА се јасни, играч без клуб во секој момент може да направи трансфер.

Вивиано во кариерата бил во многу тимотви (Бреша, Болоња, Палермо, Фиорентина), а најдобро бранел во Сампдорија во периодот од 2014 до 2018 година.

Scroll to Top