Top Sport

Шејн Ларкин за Турција ќе игра како Шејн Ларкин

Плејмејкерот на Анадолу Ефес Шејн Ларкин како натурализиран играч ќе го носи дресот на Турција. Ларкин нема да го смени името за да игра за Турција.

Најдобриот играч во Евролигата оваа сезона ги демантираше информациите дека неговото име ќе биде ДеШејн Дејвис Каркин.

„Не се точни наводите дека ќе го сменам името. Ќе го задржам името со кое сум роден и со турското државјанство“, напишал Ларкин на „Твитер“.

Во минатото играч на Фенербахче Боби Диксон кога доби турско државјанство го одбра името Али Мухамед, а пред него Мирсад Јаховиќ го одбра презимето Турчан.

Ларкин треба да им помогне на Турците да се пласираат на олимписките игри во Токио. Квалификацискиот турнир на кој ќе настапи Турција ќе се игра во Канада.

Турција е во група со Уругвај и Чешка, во втората група се Канада, Грција и Кина. Пласман на ОИ ќе избори само победникот.

Scroll to Top