Top Sport

Ла Република: Јувентус би можеле да го вратат Алегри

„Ла Република“, во понеделникот, објави инфрмација дека во Јувентус размислувале да се разделат со тренерот Маурицио Сари и да го вратат на клупата Масимилијано Алегри.

Според овој извор претседателот Андреа Ањели не бил воодушевен од она шт го прикажуваат фудбалерите под водство на 61 годишниот Сари.

Маурицио Сари во Јувентус пристигна минатото лето. Челниците на клубот го ангажираа да ја унапреди играта на „старата дама“ односно да го имплементира неговиот стил на игра, наречен „Сарибол“.

Сепак она што му успеваше со Наполи и Челси не му успева со Јувентус. Неговиот тим само на моменти игра добро, а покрај тоа и резултатите не се на очекуваното ниво.

Јувентус, во саботата, беа поразени во Верона (2:1), на табелата го дели првото место со Интер, а Лацио е зад нив со бод помалку.

Алегири и понатаму е под договор со Јувентус. Иако минатото лето остана без работа тој и понатаму се наоѓа на платниот список на Јувентус.

Изминатиот период Алегри се поврзуваше со неколку врвни европски клубови: Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top