Новиот бундеслигаш, Падерборн стигна до сензационална 1:0 победа над Вердер Бремен во 14. коло од германскиот шампионат со голот на Свен Микел постигнат во последната минута од мечот на „Весерстадион“.
Ова е само втора победа за Падерборн оваа сезона, и малиот клуб првпат по 31 лигашки натпревар на гости нема примено гол. Падерборн го „напушта“ последното место на табелата со осум поени, колку што има и Келн, кои претходно загубија со 2:0 од уште еден нов прволигаш, Унион Берлин. Вердер се само 14. со 14 поени.
БУНДЕСЛИГА, 14.КОЛО
Унион Берлин – Келн 2:0
Вердер Бремен – Падерборн 0:1