Англискиот шампион Манчестер Сити ќе успее на крајот да го добие тоа што го посакува, левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља. Според медиумите од Островот, синоќа е најдено решение меѓу двата клуба, Сити ќе плати 36 милиони фунти, плус бонуси, за фудбалерот на Брајтон.
Кукуреља се договори со Манчестер Сити за личните услови уште на почетокот на јули, па немаше дилеми дека на крајот трансферот ќе се реализира.
Марк Кукуреља ќе го заземе местото на Зинченко во ростерот, ќе биде прв избор на менаџерот Пеп Гвардиола за позицијата лев бек. Тој е дете на Барселона, ја мина младинската академија „Ла Масија“, но никогаш не одиграл меч за првиот тим на каталонскиот клуб. Беше испратен на позајмица во Еибар и во Хетафе, а Брајтон плати 18 милиони фунти на шпанскиот клуб за да го доведе во Премиерлигата.
Манчестер Сити со трансферот на Марк Кукуреља во овој преоден рок потроши околу 160 милиони фунти, пристигнаа Халанд и Филипс, плус резервниот голман Ортега како слободен играч.