Френк Лампард наскоро ќе биде именуван за нов менаџер на Челси, објавија англиските медиуми. Се очекува Лампард од наредната недела да се појави на новото работно место.
Легендата на клубот од „Стенфорд Бриџ“ имаше добра деби-сезона како менаџер на Дерби Каунти. Заминувањето на Маурицио Сари го промовираше Лампард во прв фаворит за менаџерската позиција.
Дерби Каунти вчера му дозволија на Лампард да преговара со Челси, а како што пишуваат медиумите двете страни експресно постигнале договор.
Според нив, Лампард ќе потпише три годишен договор вреден 16,5 милиони фунти (18,5 милиони евра), односно годишно ќе заработува 5,5 милиони милиони фунти.
Истите извори тврдат дека Лампард на 1 јули официјално ќе ја преземе функцијата, а со тимот ќе ги започне подготовките на 5 јули кога играчите им завршува летниот одмор.
Доколку се биде во ред Френк Лампард ќе биде десеттиот менаџер на Челси во последните 16 години, односно во ерата на Роман Абрамович.