Top Sport

Вејтерс повторно во ист тим со Леброн

Лос Анџелес Лејкерс го затворија ростерот за оваа сезона со доаѓањето на Дион Вејтерс. Овој кошаркар има 28 години, а со Лејкерс договорил соработка до крајот на сезоната.

Вејтерс сезоната ја започна во Мајами Хит, а стана вистински хит на социјалните мрежи кога бее откриено дека се предозирал со гумени бомбони. Познат е како играч кој често знае да направи инцидент поради што Мајами го трејдуваа во Мемфис Гризлс.

Во Мемфис не одигра ниту еден натпревар бидејќи клубот го раскина договорот со него. Како играч без клуб Вејтерс потпиша со Лејкерс.

Лејкерс оваа сезона ќе се обидат по пауза од една деценија повторно да ја освојат титулата. За таа цел лани го донесоа Леброн Џејмс, а на почетокот на оваа сезона во тимот пристигна и Ентони Дејвис.

Инаку Вејтерс две сезони играч заедно со Леброн Џејмс во Кливленд Кавалирс.

Вејтерс во НБА лигата влезе како четврти пик на драфтот во 2012 година. Во досегашната кариера има просек од 13,2 поени по натпревар.

Scroll to Top