Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Димитри Паје доби суспензија од четири меча за навреда на судија во мечот против Монпелје минатата сабота, потврдија од француската Лига 1.
Повремениот француски репрезентативец доби црвен картон во финишот на 1:1 ремито со Монпелје минатата сабота, но судијата Амори Делеру во својот извештај напиша дека добил три навреди од фудбалерот по картонот.
Интересно, за тој меч казна не доби тренерот на Марсеј, Португалецот Андре Вилаш Боаш, кој беше „фатен“ на снимка како се расправа со судиите во тунелот по мечот во кој покрај Паје, црвен картон доби и Буба Камара.
Andre Villas Boas corners the ref in the tunnel after the final whistle following red cards for Bouba Kamara & Dimitri Payet pic.twitter.com/9AKBXn1kfZ
— Mohammed Ali (@mohammedali_93) September 21, 2019