Top Sport

Паладино ќе го наследи Стропа на клупата на Монца

Италијанскиот калчолигаш Монца му даде отказ на тренерот Џовани Стропа поради лошите резултати. На негово место доаѓа Рафаел Паладино. Од клубот не прецизираа дали Паладино привремено ќе го води тимот или ќе биде постојано решение. Со Монца раководи познатиот тандем од славните денови на Милан, Берлускони – Галијани.

Минатата сезона Стропа ја предводеше Монца до најдобриот резултат во историјата и пласманот во Серија А, но тимот по шест кола има само еден освоен бод во најсилното италијанско натпреварување.

Своето деби на клупата Паладино ќе го има в недела против Јувентус, за кого одигра повеќе од 50 натпревари пред да замине во Џенова во 2008 година.

Scroll to Top