Кристал палас во саботата стигнаа до славна победа на „Олд Трафорд“ над Манчестер јунајтед, нешто што не го остварија повеќе од три децении, а вечерва загубија од третолигашот Колчестер и испаднаа од англискиот Лига куп на првата пречка.
Откако Рој Хоџсон реши да ги одмори своите први ѕвезди за на хартија лесниот дуел, Палас не успеаја да постигнат гол во регуларните 90 минути, по што првиот изведувач во пенал серијата, Андрос Таунзенд не успеа да постигне гол, додека сите гостински фудбалери беа прецизни.
Палас не се единствените премиерлигаши кои се елиминирани рано – третоглигашот Краули успеа да го совлада со 1:0 Норич и да го исфрли од натпреварувањето. Астон вила не дозволи ваков инцидент и со 6:1 победи кај Кру Александра, Вест хем со 2:0 победи кај Њупорт, Шефилд јунајтед со 2:1 беше подобар од Блекбурн, а Ватфорд со 3:0 го совлада Ковентри.
Во аут е и Лидс, тимот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, откако по 2:2 ремито со Стоук сити на „Еланд роуд“, загубија во пенал серијата.
ЕФЛ ЛИГА КУП, 1/32 ФИНАЛЕ
Бристол – Брајтон 1:2
Бартон – Моркемб 4:0
Кардиф – Лутон 0:3
Краули – Норич 1:0
Кру Александра – Астон вила 1:6
Кристал палас – Колчестер 0:0, 4:5 пен.
Фулам – Саутемптон 0:1
Лидс – Стоук 2:2, 4:5 пен.
Њупорт – Вест хем 0:2
Нотингем – Дерби каунти 3:0
Оксфорд – Милвол 2:2, 4:2 пен.
Плајмут – Рединг 2:4
Престон – Хал 2:2, 5:4 пен.
Рочдејл – Карлајл 2:1
Шефилд јунајтед – Блекбурн 2:1
Саутенд – Милтон Кејнс 1:4
Ватфорд – Ковентри 3:0