Top Sport

Келн го понижи Вердер со неверојатни 7:1!

Бундеслигата се врати по долгата пауза со многу голови, откако Келн стигна до апсолутно неверојатна 7:1 победа над Вердер во пресметка од средината на табелата во кое гостите успеја да примат пет гола за 27 минути од 9. до 36. минута од мечот.

Линтон Маина ги донесе „јарците“ во водство веќе во деветтата минута, а во 16. и 21. минута Штефен Тигес да постигне два гола за 3:0. Елијес Шкири во 31. минута зголеми на 4:0, за Денис Хусеинбашиќ во 36. минута да стигне до 5:0. Вердер намали на 5:1 преку Никлас Филкриг во финишот на полувремето, за во второто полувреме, Шкири уште да стрела во 54. минута, за во 76. минут, Марко Фридл да си даде автогол за конечни 7:1.

Scroll to Top