Наместо влез во Серија А, Палермо, клубот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски може да заврши во третата лига, ако клубот биде казнет од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Палермо овој викенд може да обезбеди директно место во Серија А, но обвинителот на ФИГЦ, Џузепе Пекораро бара исфрлање на клубот во трета лига поради прекршувања на регулативите на лигата од 2014 до 2017, кога претседател на клубот беше контроверзниот Маурицио Ѕампарини.
Пекораро исто така бара петгодишна суспензија на сите фудбалски активности за Ѕампарини, кој неодамна, конечно, го продаде клубот на компанијата „Акрус нетворк“.