Додека фудбалскиот фокус е свртен кон последните пријателски мечеви пред стартот на Светското првенство во Русија, во Италија уште треба да се одреди уште еден учесник во Серија А.
Клубот на македонските репрезентативци, Александар Трајковски и Илија Несторовски, Палермо одигра 1:1 на гостувањето кај Венеција во првото полуфинале меѓу двата клуба која сезоната ја минаа во Серија Б.
Трајковски го стартуваше мечот за тимот од Сицилија, и одигра 87. минути, кога на негово место влезе Несторовски, кој се опоравува од повредата. Реваншот се игра во недела во Палермо од 18.30 часот.
Во второто полуфинале, Читадела и Фрозиноне одиграа идентични 1:1 во првиот меч. Победниците од двете полуфиналиња потоа ќе одлучат кој ќе ја има честа да биде во Серија А, резултат од кој може да зависи и кариерата на нашите репрезенативци, посебно Несторовски, за кого се заинтересирани неколку клубови во Италија, вклучувајќи ја Џенова.