Фудбалскиот клуб Црвена звезда пред 31 година стана светски клупски првак.
Во Токио, во мечот наречен Интерконтинентален куп, Црвена звезда убедливо со 3:0 го совлада шампионот на Јужна Америка, Коло Коло од Чиле. Светската титула го заокружи еден од најсветлите периоди во историјата на црвено-белите.
Дел од оваа победа беа Македонците Илија Најдоски и Дарко Панчев.
Звезда, на денешен ден пред 31 година ги обедини двата најважни фудбалски трофеи во клупското натпреварување, бидејќи шест месеци претходно го совлада Олимпик Марсеј по изведувањето пенали и стана европски првак.
Пред 60.000 гледачи во главниот град на Јапонија головите ги постигнаа Владимир Југовиќ во 19. и 58.минута, односно Дарко Панчев во 72.минута.