Капитенот на македонската репрезентација, Горнам Пандев е неизвесен за утрешниот натпревар против Израел во Бер Шива. Оваа информација на новинарите им ја сподели селекторот Игор Ангеловски на официјалната прес – конференција.
– Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав. Капитенот Пандев поради хематом на слабината е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи, изјави селекторот Ангеловски.
Натпреварот Израел-Македонија ќе започне во 20.45 часот.
извор/ffm.com