Top Sport

Пандев има нови американски газди – Прециози ја продаде Џенова

Според повеќе италијански медиуми, американската инвестициска компанија „777 Партнерс“ формално ги купиле мнозинството акции во италијанскиот прволигаш Џенова за 150 милиони евра.

Претседателот на Џенова, Енрико Прециози подолго време преговараше за продажба на клубот на американската компанија од Мајами, која исто така е малцински сопственик во шпанскиот прволигаш Севилја.

Претходно, „Ла Газета дело спорт“ тврдеше дека Прециози ќе остане малцински сопственик во следните три години. Прециози ја купи Џенова во 2003 година, кога клубот беше во тешка финансиска состојба и играше во Серија Ц1.

Scroll to Top